четврток, април 25, 2024
домаЖивотОпштина Аеродром со поддршка за едукакација за климатски промени

Општина Аеродром со поддршка за едукакација за климатски промени

Општина Аеродром со цел унапредување на соработката со граѓанскиот сектор и разните видови здруженија, спортските клубови, фондации и асоцијации, од страна на општинскиот буџет издвои финансиски средства за здружението ЗЕОООП (Здружение за значење на еколошкото образование во осовременување на образовниот процес),со кои е поддржан проектот „Со климатска акција до одржлив развој“. Александра Петровска, претседателка на здружението ЗЕОООП, го промовираше проектот во ООУ „Александар Македонски“, кој има за цел да реализира низа активности поврзани со климатските промени кои ќе имаат директно влијание на квалитетот на живот и ќе ја подобрат состојбата во животната средина преку едукација, обука, отворени часови и спроведување анкети кај целните групи на однапред подготвени теми, здружени акции, акции со голем визибилитет. Децата се 30% од вкупното население во светот и се најбројната група луѓе погодена од климатските промени и деградацијата на животната средина. Децата се поподложни на негативните состојби во животната средина и се почувствителни на штетните влијанија врз нивните животи, како сега, така и во иднина. Климатските промени и деградацијата на животната средина ги нарушуваат најосновните права на децата ширум светот, ставајќи ги во опасност нивниот живот и добросостојба. Поаѓајќи од овој подаоток очигледна е потребата за едукација на децата/учениците за климатските промени и заштитата на животната средина.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ