Градоначалникот на  Општина Ресен, Живко Гошаревски ги информира граѓаните на општината дека е формира мобилен тим за помош на сите стари и изнемоштени лица и лица со попреченост од општината.
Во споделената информација се вели „Секој оној граѓанин од наведените категории, кој има потреба од набавка на лекарства, прехрамбени производи и средства за хигиена, со цел да не остварува непосреден контакт со останати луѓе и се изложи на дополнителна опасност од инфицирање со Covid-19 (коронавирус) ќе може да телефонира секој ден од неделата, во секој дел од денот, на следните телефонски броеви: – 077 730 764 – Ружица  и 078291065 – Иванчо“
Градоначалникот истовремено упатува апел до граѓаните да се однесуваат одговорно и да останат дома.