На листата на играчи кои го потврдија учеството на Мастерсот во Мајами се најде и името на Новак Ѓоковиќ. Најдобриот српски тенисер е поставен за 12-ти носител. Инаку, турнирот во Мајами треба да биде втор на кој Ѓоковиќ ќе учествува по операцијата на лактот. Минатата година Србинот не учествуваше на вториот мастерс на сезоната.

Некогашниот прв светски тенисер по победата над Јапонецот Таро Даниел во второто коло на Индијан Велс призна дека избрзал со враќањето на теренот и најави дека со тимот ќе разговара за следните акции.

Ѓоковиќ турнирот во Мајами го освои шест пати. Своето учество на вториот Мастерс во сезоната го потврдија бранителот на титулата Роџер Федерер, Марин Чилиќ, Григор Димитров и Ник Кирјос, кој се повлече од Индијан Велс поради повреда.

Турнирот во Мајами се игра од 21 март до 1 април.