Местата низ целиот свет до кои опасниот коронавирус се уште не стасал, можат да се избројат на прсти. Меѓу нив е и пацифичката островска држава Палау.

Палау е островска нација со население од 18,000 луѓе и една од ретките територии оставена недопрена од заразата – заедно со Самоа, Туркменистан, Северна Кореја и базите на Антарктикот.

Палау е островска држава во Тихиот Океан, на 800 километри (500 mi) оддалеченост источно од Филипините 3200 километри (2000 mi) на југ од Токио. Произлегувајќи од старателите на Обединетите Нации (администриран од САД) во 1994, таа е една од најмладите и најмалите држави во светот. Во 1989 Палау била рангирана и категоризирана од CEDAM International број 1 подводно чудо на светот од седумте подводни чуда. Понекогаш се нарекува и според своето изворно име Белау.

Најблиските соседи на Палау се оддалечени стотици милји, а Тихиот океан, кој ја опкружува островската група од сите страни, делува како штит против вирусот. Океаните и патните ограничувања сè уште го задржуваат COVID-19 надвор од брегот на Тонга, Соломонските и Маршалските острови, Микронезија и други. Но, оддалеченоста на континентите не гарантира дека опасниот коронавирус нема да стигне таму. Островите на Северна Маријана веќе ги потврдија првите случаи на заразата.

Иако коронавирусот сè уште не е пристигнат, Палау има стравови слични на оние во Европа. „Може да ја почувствувате растечката тензија и вознемиреност при купување“, вели жител на островот за Франспрес. Во Корор, најголемиот град на Палау, веќе се купуваат материјали за складирање во случај на вонредна ситуација, а супермаркетите имаат недостиг од маски, средства за дезинфекција и алкохол. Во меѓувреме, веќе има неколку сомнителни случаи на инфекција со коронавирус, при што едно лице е дури и под карантин додека не бидат објавени резултатите од тестот.
Оддалеченоста на пацифичките острови досега спречува некои од нив да заразат, но создава и други проблеми. Островите се потпираат главно на производи што пристигнуваат со брод и авиони. Во пандемија, ова значи дека намирниците кои ги набавуваат, а се увезуваат може наскоро да ги снема на пазарот. До неодамна, „Јунајтед ерлајнс“ леташе шест пати неделно кон соседниот Гуам, но откако таму има 50 потврдени случаи на заразени, летовите се ограничени на еднаш неделно.

Лекарите од Палау чекаат пристигнување на тестови од Тајван. Во исто време, владата гради пет простории за изолација во кои можат да се сместат најмногу 14 пациенти. Чувството е дека островот се подготвува за неизбежното. Ако COVID-19 пристигне на островот, здравјето и економијата ќе страдаат во исто време. Малата земја се потпира на туризмот.

Ронди Рони, кој организира големи туристички настани, вели дека е многу загрижен. „Имам заеми и сметки што се отворени“, признава тој за агенцијата Франспрес. „Се надевам дека владата ќе направи нешто за нашата економија и ќе и помогне да закрепне“, додаде тој.

Н.С.