Осумнаесет деца до 9 години досега се дијагностицирани со ковид-19 во земјава, соопшти денеска пидемиологот д-р Владимир Микиќ на прес конференција во Владата, одговарајќи на новинарско прашање. Тој потенцира дека нивната здравствената состојба е добра.

– Кај сите нив клиничката слика е релативно лесна и не била потребна подолга хоспитализација – рече Микиќ.

Обраќајчи се на прес конференцијата, епидемиологот од Институтот за јавно здравје, д-р Миќиќ нагласи дека секое населено место може да биде потенцијален нов извор и токму затоа се донесине денешните рестриктивни мерки. Тој препорача да се почитуваат мерките за социјално дистанцирање и дека не треба да дозволиме да се рашири премногу брзо заразата.

Смртноста кај нас е ниска и се движи под 4 проценти, соопшти денеска епидемиологот д-р Владимир Микиќ.

Н.С.