четврток, април 25, 2024
домаОтворање на изложбата „Филмовите што ги сакавме (1947 - 1980)“

Отворање на изложбата „Филмовите што ги сакавме (1947 – 1980)“

Државниот архив на Република Северна Македонија и Историскиот архив на Пожаревац на 3 јуни во Скопје ќе потпишат меморандум за соработка, а истиот ден во Скопје ќе биде отворена изложбата на филмски плакати и рекламен филмски материјал, со наслов „Филмовите што ги сакавме (1947 – 1980)“, изработена од Историскиот архив на Пожаревац.

Изложбата се состои од 64 паноа, со димензии 70 см х 100 см, на кои се претставени 180 постери, односно рекламни филмски флаери и претставува своевиден омаж на историјата на југословенскиот филм. Таа го следи развојот на домашната кинематографија во тогашна ФНРЈ, односно СФР Југославија, во периодот меѓу 1947 и 1980 година.

Отворањето на изложбата „Филмовите што ги сакавме (1947 – 1980)“, која ќе биде збогатена со уште десет паноа за македонската кинематографија, подготвени од Државниот архив и Кинотеката, ќе се случи на 3 јуни (понеделник) во 12:00 часот, во Кинотеката на Република Северна Македонија.

Изложбата ќе може да се види во Кинотеката на Република Северна Македонија во периодот од 3 до 17 јуни 2019 година.

На потпишувањето на меморандумот, како и на отворањето на изложбата ќе присуствуваат: д-р Јасмина Николиќ, директор на Историскиот архив на Пожаревац, г. Бојан Илиќ, претседател на Собранието на Град Пожаревац, г. Ненад Петровиќ, помошник градоначалник на Пожаревац и г. Дејан Крстиќ од Градскиот совет на Пожаревац, а пред присутните ќе се обратат г. Кирил Петров, директор на Државниот архив и г. Владимир Ангелов, директор на Кинотеката на Република Северна Македонија.

Исто така  ќе биде прикажан и  филмот ПУЛА 56  во режија на Славко Јаневски, и инсерти од југословеснката филмска продукција 45 – 81, а за својот влог во оваа jугословенска и македонска  кинемтаографија ќе зборува и Данчо Чеврески а  исто така  ќе бидат  истакнати и   дел од наградите кои македонските филмски работници ги имаат освоено и претставуваат континуитет до најголемото филмско признание што македонската кинематографија го има освоено Златниот лав на Милчо Манчевски ПРЕД ДОЖДОТ, кој исто така ќе биде истакнат.

RELATED ARTICLES

Most Popular