Министрите за финансии на Г-7 од еврозоната закажаа телефонска конференција за во среда со цел  да ги „координираат“ ефектите на коронавирусот врз глобалната економија, изјави францускиот министер за финансии Бруно ле Мер, а цитиран од АФП.

„Станува збор за телефонска конференција, затоа што мора да избегнеме да патуваме!“, рече тој.
Ле Мер рече дека влијанието на коронавирусот врз економијата на Франција ќе биде поголемо од претходните проценки и вети дека владата ќе ја обезбеди потребната поддршка за компаниите. Економското влијание на коронавирусот ќе биде „многу позначајно“ од падот на 0,1 процент на годишен раст што Министерството за финансии го прогнозираше пред две недели.

И покрај фактот дека коронавирусот сè уште не го затвори или го забавува бизнисот на многу фабрики надвор од Кина, тој веќе ги затвори секторите за патувања и туризам.

Денеска е откажана и редовната сесија за правата на жената што секоја година се одржува во Њујорк, а се очекува утре да биде откажана и регионалната конференција за постигнувањата на ЦоР, што е закажана за 18-19 Март во Женева. Самоколку за илустрација, за овие две конференции веќе се купени авио биолети на повеќе од 400 учесници, и платени над 1000 ноќевања во Њујорк и Женева. Се уште не е јасно дали учесниците на конференциите ќе бидат обештетени.

Познатиот француски музеј Лувр, клучната атракција во една од најпознатите светски туристички дестинации, беше затворен во неделата, а еден од најголемите годишни саеми на земјата, Парискиот саем на книгата што требаше да се одржи овој месец во Париз е откажан, како и најголемото шоу на автомобили, што требаше на 5ти месецов да биде отворено во Женева…

Подготвила: А.Н