Гостувањето на Белградска филхармонија во Скопје, на 9 октомври е откажано, поради ненадејната смрт на директорот Иван Тасовац, кој почина синоќа, во својот дом во Белград.

Како што информираат од Филхармонијата, на сите кои купија билети за овој настан, ќе им бидат рефундирани средствата.

Гостувањето ќе се реализира во наредниот период, а за датумот од Филхармонијата дополнително ќе информираат.