Новата застрашувачка вест пристигна од Велика Британија, каде беше откриен уште еден вид на коронавирус со потенцијално загрижувачки сет на мутации, и кој, освен во Велика Британија, каде веќе има заразено 32 лица, е забележан и во Данска, Австралија и САД.

Ова го објави британскиот весник „Гардијан“, повикувајќи се на предупредувањето на истражувачите од Универзитетот во Единбург, кои изјавија дека новата варијанта на ковид-19 позната како Б1525 е откриена во вкупно 10 земји.

Новата варијанта има сличности со Кент варијантата Б117 и содржи мутации што ги загрижуваат истражувачите, вклучително и мутација на клинестиот протеин Е484К, кој се наоѓа на надворешната страна на вирусот и игра голема улога во помагањето на вирусот да влезе во клетките.

Д-р Сајмон Кларк, вонреден професор по клеточна микробиологија на Универзитетот во Рединг, рече дека иако не е јасно какво влијание можат да имаат многуте мутации врз способноста на коронавирусот да предизвика инфекција или потешка слика на болеста, присуството на мутацијата E484K кај јужноафриканската варијанта покажала дека дава степен на отпорност на вирусот на одредени вакцини.

– Сè уште не е познато колку ќе се шири новата варијанта, но може да се претпостави дека имунитетот добиен од каква било вакцина или претходна инфекција на неа ќе биде послаб – предупреди тој. А.Н.