четврток, април 25, 2024
дома„Отскокни и ти!“ - натпреварувачки настан во пресрет на Скопскиот поетски фестивал

„Отскокни и ти!“ – натпреварувачки настан во пресрет на Скопскиот поетски фестивал

„Отскочна даска“ е поетско читање што ќе ги собере сите млади, надежни, познати или помалку познати поети и поетеси од домашната книжевна сцена, а кое е предвесник на претстојниот Скопски поетски фестивал, кој ќе се одржи од 29 август до 1 септември, 2022 година.

Настанот ќе има натпреварувачки карактер и е наменет за поети и поетеси на возраст од 16 до 25 години. Победникот ќе се претстави на отварањето на фестивалот.

– Ние ќе ги избереме учесниците, а тие ќе си го одберат победникот што ќе отскокне до отворањето на второто издание на СПФ, на 30 септември во Младинскиот културен центар ‒ Скопје, и ќе чита заедно со другите учесници на фестивалот.

Ако сте на возраст од 16 до 25 години и сакате да учествувате на „Отскочна даска“, испратете ни две ваши песни на мејлот contact@spf.mk најдоцна до 10-ти август. Ги очекуваме вашите песни – велат организаторите.

Имињата на одбраните натпреварувачи ќе бидат објавени на официјалните Фејсбук и Инстаграм страници на фестивалот, а читањето ќе се одржи во кафе книжарницата „Буква“ на 29 август, со почеток од 20 часот.

Фестивалот е поддржан од град Скопје, од кафе-книжарница „Буква“ и од Младинскиот културен центар ‒ Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ