Вработените во белоруската државна телевизија демонстративно заминаа да ги поддржат протестите против владата. Илјадници демонстранти се собраа вчера пред зградата на ТВ во Минск. Тие сакаа медиумите соодветно да ги покријат протестите против претседателот Лукашенко.

Митингот се совпадна со погребот на еден демонстрант, кој беше убиен претходно оваа недела. Голем број луѓе се собраа на церемонијата, извикувајќи против владата и бараа нови избори. Г-н Лукашенко рече дека постигнал договор со Русија и, доколку е потребно, Владимир Путин ќе му испрати помош.

„За жал, морам да ја напуштам работата што ја сакам многу. Но, невозможно е да се поддржи систем што го злоупотребува сопствениот народ“, рече Алексеј, дописник на државната телевизија.

“Можам да кажам дека како вработени во телевизија, ние се срамиме да цензурираме информации. Обврзани сме да ја прикажуваме само едната страна, само позицијата. Ние сакаме да бидат прикажани сите страни. Луѓе, ве молам, не лутете ни се нам ние сме само вработени. Сите сме на работ на срцев удар. Имајте малку трпеливост, сè ќе се промени “, рече Александар, новинар во државната телевизија.

А.Н.