Најавите на експертите во Бон, на 23-от самит за климатски промени дека луѓето ќе почнат се повеќе да умираат од консумирање на генетски модфицирана храна поради недостаток на природна, изгледа почнуваат да се обистуниваат. Имено, пред неколку дена по аутопсијата направена врз 31-годишниот Шпанец кој починал во болницата во Мадрид може да се констатира дека умрел од консумирање на ГМО. Здравјето на младиот човек брзо се влошило откако претрпел необјаснета алергиска реакција, и сите лекови кои се користат за рефренот на анафилаксијата биле целосно неефикасни. Тимот на експерти тврди дека биле во можност да утврдат дека генетски модифицираните домати, кои жртвата ги изела на ручек, биле причина за алергиска реакција што ја предизвикала неговата смрт.

Г-дин Рамос работелкако службеник во складиште во Мадрид на 7-ми јануари, кога почнал да се чувствува омалаксано веднаш по ручекот. Голем број на симптоми почнале да се манифестираат, вклучувајќи и насилно чешање, болку во пределот на црниот дроб, оток на грлото и драстично намалување на крвниот притисок. Човекот, кај кого било дијагностицирано дека има алергиска реакција, веднаш му бил инјектиран епинефрин, но неговата здравствена состојба продолжила да се влошува.

Младиот човек бил пренесен во болница од страна на соработници, но медицинскиот персонал не можел да ја идентификува причината за неговата алергиска реакција навреме а тој не реагирал на вообичаените третмани или лекови. Г-дин Рамос бил прогласен за мртов само еден час по пристигнувањето во болницата.

Медицинските испитувачи и експертите за судска медицина во болницата Карлос III мораа да извршат многу тестови и анализи пред да можат точно да одредат што ја предизвикало смртта кај г-дин Рамос за тој да умре од алергиска реакција на морски плодови, особено откако се дознало дека сè што јадел пред неговата смрт било сланина, зелена салата со доматен сендвич и диет – кола. Но, изненадувањето дошло кога откриле дека доматот што го проголтал, не само што содржел некои алергени поврзани со риба, туку и некои гени отпорни на антибиотици кои спречиле белите крвни зрнца да му го спасат живот.

hospital2

Случајот на г-дин Рамос е првата човечка смрт официјално потврдена дека е поврзана со ингестија на генетски модифицирана храна. Тоа е спротивно на повеќето студии за ГМО, кои заклучуваат дека генетски модифицираните култури на пазарот се сосема безбедни за јадење.

Тим научници  од Универзитетот во Небраска, го предвидоа овој проблем во 1996 година, кога откриле дека бразилскиот протеин кој е воведен за да го подобри хранливиот квалитет на генетски модифицираната соја, може да предизвика алергиска реакција кај луѓе со алергии од бразилски орев.

Шпанското министерство за здравство и социјалните служби наредија доматите од португалско потекло кои го инфицирале младиот човек, да бидат забрането за продаќба и отстранети од продавници и пазари поради безбедносни причини. Поради тоа, повеќе од 7000 тони домати ќе се одземаат низ целата земја од страна на инспектори од министерството и службеници за јавна безбедност.

Министерството исто така издаде јавна изјава за смртта на г-дин Рамос во која испраќа сочувство до неговото семејство и додава дека “веднаш ќе побара понатамошно истражување на оваа тема за да утврди дали другите генетски модифицирани прехранбени производи на европскиот пазар може да претставуваат ризик за шпанската популација “.