Холандија Foto World Atlas

Целата холандска влада поднесе оставка по избувнувањето на скандалот со социјална помош, јави агенцијата ДПА. Скандалот избувна кога се откри дека даночните власти лажно обвинија илјадници родители за измама, поради што многу семејства се задолжени затоа што им наредиле да ја вратат државната помош што ја добиле за своите деца.

Ова е трет пат како кабинетот на Руте паѓа поради афера околу додатоците за детска грижа, два месеци пред изборите за долниот дом на парламентот. Како што е најавено, Руте наскоро ќе одржи прес-конференција.

Парламентарната истрага заклучи минатиот месец дека е направена невидена неправда кон невини семејства, кои беа принудени да вратат десетици илјади евра субвенции, што ги доведе до невработеност, банкрот или развод, објави претходно „Гардијан“.

Руте, кој е на функција од 2010 година, на крајот на минатиот месец рече дека аферата, која трае скоро цела измината деценија, е срамна.

Околу 10.000 семејства добија компензација во износ од најмалку 30.000 евра.

Семејствата оваа недела покренаа обвиненија против петмина политичари, вклучувајќи ги министерот за финансии Вопке Хоекстра и министерот за економија Ерик Вибес, за нивната улога во лошото управување со субвенциите. А.Р.