Бугарија последниве деови бележи зголемн број на новозаразени со коронавирусот. Троцифрената бројка никако да се намали, но она што утрово ги загрижи жителите на Софија е што во неколку градинки се појавил коронавирусот.

Како што пренесуваат бугарските медиуми во неколку градинки стасале резултатите од тестирањето во градинките, по што се покажало дека нема заразени меѓу вработените, но има меѓу децата. Во една од градинките има регистрирано 4 деца позитивни на коронавирусот, додека уште во пет има по едно дете кое се покажало позитивно на коронавирусот. Сите деца немаат симптоми, кај сите нив, болеста е асимптоматска.

И СЗО предупреди дека најголема опасност претставува отворање на градинките и училиштата, бидејќи децата и покрај тоа што најчесто без проблем го поминуваат корона вирусот, тие се најголеми преносители на болеста.

Сега за сега градинките не се затворени, само групите во кои се докажани болните деца, се ставени во карантин и се чека на одлука на министерството за здравство.

А.Н.