Foto: EPA-EFE/VATICAN MEDIA

Папата Фрањо во обраќањето на денешната миса предупреди за зголемен ризик од семејно насилство врз жените за време на изолацијата поради пандемијата на корона вирусот.

„Би сакал да ве потсетам денес на сè што прават жените, вклучително и во овој период на здравствена криза, треба да се грижат за другите: лекарки, медицински сестри, полициски и затворски службенички, вработени во продавници и толку многу мајки и сестри кои се затворени со целото семејство , со децата, постарите лица или лицата со посебни потреби “, рече папата.

Папата додаде дека жените „некогаш се изложени на ризик од насилство заради заедничкиот живот во кој најголемиот товар го носат тие“. „Да се ​​молиме за нив“, истакна папата Фрањо.

Италијанската влада деблокираше околу 30 милиони евра за превенција на насилство врз жените кои се „изложени на поголем ризик поради забраната за движење“, изјави минатата недела министерката за родова рамноправност и семејство Елена Бонети.

Министерката исто така најави кампања за да поттикнување на жените да пријават насилство и за зајакннвуање на функционалноста на апликацијата „YouPol“, која може да се користи за автоматско сигнализирање на полицијата за локацијата на која се случило семејно насилство. А.Р.