Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Фрањо, ја водеше традиционалната молитва на Велики петок на скоро празниот плоштад „Свети Петар“ во Ватикан.

Традиционалната церемонија беше преместена од Колосеумот на плоштадот „Свети Петар“, во екот на борбата против пандемијата на КОВИД-19 во која во Италија починаа 18.849 луѓе, вклучувајќи и 570 смртни случаи во текот на изминатиот ден.

Јавниот медиум на Ватикан „Ватикан њуз“ објави дека црниот крст бил носен околу обелискот на Плоштадот до вратата на базиликата по патека ограничена со запалени факели.

Крстот го придружуваа петмина затвореници од северот на Падова, која е сериозно погодена од пандемијата и пет здравствени работници од Ватикан.

Папата Фрањо ги благослови сите верници во светот на крајот на церемонијата. Велики петок е христијанскаи ден за одбележување на страданието и распетието на Исус, а претходи на најголемиот христијански празник, Велигден. А.Р.