Резултатите на пациентката која синоќа беше тестирана на корона вирус на Инфективната клиника во Скопје се негативни, соопшти Министерсвото за здравство, а веста ја потврди и министерот Венко Филипче на Фејсбук.

Како што објавија вчера од министерството, патничка пристигнала завчера со попладневен лет од Милано во Скопје.

Во последните два дена во Инфективната клиника во Скопје беа извршени три тестирања на коронавирусот и сите дадоа негативни резултати.