Денеска,четврток, во рамки на Скопско лето ќе се одржи концерт насловен „Патување низ Европа” на Марко Поп Ристов – виолина и Марија Вршкова – пијано, со почеток во 20.30 часот во Музеј на македонската борба.
Концертот ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани и ќе се продаваат ограничен број на влезници пред почетокот на настанот на влезот на објектот и на karti.com.mk по цена од 200 денари.

Марија Вршкова е родена во Битола каде го завршува основото и средното музичко образование. Дипломирала на Факултетот за музичка уметност – Скопје со највисоката оцена na nivo na univerzitet – “CUM LAUDA” во класата на проф.Т.Светиев каде ги завршува и магистерските студии по пијано. Во текот на образованието добитник е на повеќе награди во рамките на поранешна Југославија ,а најзначајна меѓународна наградата е Трета награда на Меѓународниот натпревар за млади пијанисти во Рим – Италија. Учествувала на бројни семинари по пијано и камерна музика, а неколку пати е единствен претставник на Македонија во Светскиот младински оркестар каде соработува со врвни диригенти и солисти. Вршкова има посебен афинитет кон современата музика, совладувајќи ги најновите пијанистички техники. Реализирала преку 50 светски премиерни изведби на солистички и камерни дела, не само од македонски, туку и од странски автори. Покрај неколкуте снимени цд-а со истакнатите Македонски умерници,Ана и Олег Кондратенко, Блерим Груби, Страшо Темков, во 2010-та година, таа го снима и своето прво солистичко цд, Македонска музика за пијано. Како солист и и камерен музичар настапувала во Турција, Хрватска, Холандија, Германија, Полска, Велика Британија, Украина, Италија, Бугарија, Русија,Америка, Бугарија, Србија, Австрија, Англија,Грција… Вршкова е дел од уметниците кои редовно настапуваат на реномираните фестивали во Македонија како , Охридско Лето, ДММ, Златна лира, Есенски музички свечености…Како врв на уметничката дејност е наградата за специјално уметничко достигнување, добиена од страна на интернационалното жири,на интернационалниот натпревар Охридски бисер, 2009-та година, како и трите награди Виртуози, за музички изведувач, 2013-та година, Камерен состав 2015-та година и Камерен состав 2016-та година. Марија Вршкова во моментот работи како доцент при ФмУ Скопје.

Марко Поп Ристов дипломирал на Royal College of Music (Лондон) во 2009 година. Се здобил со титулата Магистер по камерна музика на Музичкото и Драмско Училиште Guildhall во Лондон, а во истиот период го имал и своето Барбикан (Barbican) деби во 2012 година. На возраст од 16 години бил поканет и награден со стипендија да студира кај професор Павел Верников (Pavel Vernikov) во Scuola di Musica di Fiesole во Фиренца, Италија. Има добиено повеќе први награди на различни интернационални натпревари, како што се: Performing Australian Music (Лондон, 2008), Giovanni Batista Pergolesi (Италија, 2003) и Петар Коњовиќ (Југославија, 2001). Свири како солист со Kensington Sinfonia (Британија), Orchestra dei Ragazzi (Италија), Битолскиот камерен оркестар и Националниот симфониски оркестар на Македонија. Во периодот на неговиот престој во Лондон бил менториран и посетувал семинари под раководство на еминентни музичари и уметници од: Bedke Quartet, Chilingarina Quartet, Domus Quartet, Belcea Quartet, Florestan Trio и многу други. Со неговиот Ристов квартет, Марко настапувал на фестивали и сцени ширум Европа, како Британија, Франција, Швајцарија, Македонија, Косово и Србија. Во 2010, квартетот бил поканет да настапи со Ромбах (Rombach) пијано триото на П. Дусапин (P. Dusapin) на сцената на BBC Proms. Од неговото доаѓање на Нов Зеланд во 2013 година, Марко е редовен изведувач во APO (Auckland Philharmonic Orchestra) и ACO (Auckland Chamber Orchestra) а воедно е и водач на втори виолини во Bach Musica оркестарот. Марко  беше основач Villani Piano Quartet со кого од 2016 до 2019 години имаа остварено повеќе од 30 концерти ширум Нов Зеланд. Во 2019 Марко го оформи клавирското трио Orion Piano Trio со кого во истата година остварија турнеја низ Европа со 7 концерти. По успешните концерти, во 2020 триото беше покането на две турнеи со вкупно 54 концерти во Кина и Европа, кои поради светската здравствена криза за жал беа откажани. Во 2021 Марко доби покана и доби целосна стипендија за докторски студии на универзитет Waikato University во Нов Зеланд.

Во петок, 02.07.2021г., во рамките на 42-рото издание на манифестацијата „Скопско лето“ ќе се одржи концерт насловен „Шопен, поетот на музиката – музички бисери за пијано“ на Даница Стојанова – пијано, Нита Груби, Бобан Мирковски, Сара Кесковска, к.г. – пијано, со почеток во 20:30 часот во Музеј на македонската борба.

Концертот ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани и во продажба ќе бидат пуштени ограничен број на влезници. Истите ќе може да се купат online на karti.com.mk и пред почетокот на настанот на влезот на објектот по фестивалска цена од 200 денари.