четврток, април 25, 2024
домаНасловнаПендаровски: Доследно се справуваме со епидемијата, моментално нема потреба од прогласување кризна...

Пендаровски: Доследно се справуваме со епидемијата, моментално нема потреба од прогласување кризна состојба

Заклучок на Советот за безбедност по двочасовното заседавање е дека нема потреба од прогласување на кризна состојба во државата во врска со коронавирусот, изјави на прес-конференцијата претседателот на државата Стево Пендаровски, веднаш по состанокот на Советот за безбедност.

-Ако има потреба може да препорачаме да се прогласи и кризна состојба и во други општини освен овие две – Дебар и Центара Жупа. Општ заклучок е  дека нема потреба да избрзуваме со вонрендна или кризна состојба на цела држава од две причини – прво нема потреба и зашто за жал кризата ќе трае, ресурсите не се издашни и треба да гги програмираме според реалните потреби  – ојасни претседателот Пендаровски.

Министерот за здравство реферирал со позитивни вести од цела територија на државата, а за Дебар и Центар Жупа каде има кризна состојба има заклучок на сите членови на СБ дека е одлична соработката со службите и локалната самоуправа, а посебно признание треба да се оддаде на граѓаните на овие општини кои максимално ги почитуваат мерките.

Филипче го презентирал акциониот план за распоредување на сите здравствени работници – станува збор за максимална мобилизација на целиот здравстен персонал низ земјата.

Заклучок на советот за безбесност во однос на целокупната ситуација е дека поставеноста на државата во овој момент е соодветна и адекватна во однос на мерките – за тоа говори и податокот дека  нашата држава е најдоследна во регионот ги проектира мерките наложени од СЗО.

Претседателот Стево Пендаровски повторно упати апел до граѓаните да ги почитуваат стриктно мерките затоа што е тоа најдобриот начит да се спречи ширење на болеста, а упати и апел до нашите државјани да не патуваат надвор без потреба, и до наши државјани кои работат во други држави во светот, без голема потреба да не се враќаат во државава.

Заклучок е и дека СБ ќе ја следи состојбата 24/7 и ќе се состанува секојдневно и ако треба и повеќе пати на ден. Вечерва ќе одржи средба и Владата и ако има потреба ќе се донесат дополнителни мерки.

-Прогласување кризна состојба нема врска со одржување избори, во правна смисла, примере за тоа е Франција со неодамна одржаните локални избори. Не гледам проблем да се одложат изборите, утре во 12 часот ќе има лидерска средба, и во контекст на она што ни се случува нам и на сите во светот, сметам дека да се одложат изборите не е проблем – соопшти претседателот Пендаровски.

Пендаровски изјави и дека денеска со официјален допис ОБСЕ/ОДИХР ја откажа мониторинг-мисијата на изборите.и за неколку дена и физички се повлекува од државата.

Претседателот појасни дека е донесен заклучок дека нема потреба од воведување вонредна или кризна состојба, а сосема е небитно како ќе ја наречеме состојбата од аспект на ефектите кои ги постигнуваме. Според него ние во многу ги надминуваме мерките кои се преземаат кај соседите, кај нив се викаат вонредна состојба, кај нас кризна состојба во одредени општини, а може и во оваа правна рамка која сега ни е дадена да се воведат ограничувачки мерки за движење на граѓаните од една во друга општина. „Битно досегашните мерки се ригорозни во спречување на епидемијата и како такви се признати од меѓународните фактори“, заклучи претседателот Пендаровски. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ