Музичарот Петар Маркоски направи нова преработка/ ковер на песната ‘’Havana’’испеана од младата Camila Cabello, која неодамна ја започна својата соло кариера а беше дел од мега популарната група „Fifth Harmony.“
Овој пат преку комбинирана варијанта каде пее, свири виолина и се погрижи за сличен но сепак оргинален аранжман.
-Многу сум среќен затоа што многу луѓе, не само од кај нас туку и од земјите низ светот ми пишуваат на мојотYouTube канал, споделуваат мислење, даваат предлози за нови преработки и позитивно реагираат на мојата музика!
Ги поттикнувам сите кои имаат идеа за наредна преработка, песна која им е драга да ми ја пратат во коментар на мојот YouTube канал или во порака на мојот Facebook профил, со задоволство ќе се потрудам да ја направам Ваша омилена, порачува Петар.