фото: Фејсбук
По бурните реакции на социјалните мрежи за спорниот кадар во кој се појавува уметничко дело кое асоцира на бугарското знаме, и по скандалозното интервју во кое вели дека баба му е Бугарка затоа има и бугарско државјанство, а живее од другата страна на границата на земјата, се појави онлајн петиција за повлекување на Васил Гарванлиев од евровизиски претставник годинава. 
Петицијата во десет часа ја потпишаа десетина илјади луѓе. 
Се огласи и Васил кој преку видео снимка бара извинување за ненамерната грешка.
Публиката бара објаснување од организаторот како е Васил избран и зошто дошло до сите овие надразнувачки пропусти.

Во моментов кружат две петиции, а во првата има и барања:

Македонската Радио Телевизија веднаш да го повлече настапот на Евровизија 2021.

1. Претставникот на овогодинешниот Евросонг Васил Гавранлиев воопшто не ја претставува Македонија
2. Васил Гавранлиев во интервју за Евровизија „случајно“ нагласува дека има бугарско државјанство и дека го добил поради тоа што Струмица е блиску до Бугарија (што за секој неупатен би требало да значи дека Струмица и Бугарија се едно)
3. Настапот на Васил Гавранлиев изгледа како да е инсцениран во склад со политиките на Зоран Заев, Бучковски и Љубчо со кои се сака да се прифати дека Македонскиот Народ е создаден по 1944-та.
4. Во неговиот спот „случајно“ некој ги заменил боите од триптихот на Жанета Вангели за да наликуваат на бугарското знаме.
БАРАМЕ:
– ОЈО да утврди одговорност за ноторна повреда на авторските права на Ж. Вангели – Да се утврди одговорноста на продуцентот за повреда и на угледот на државата со про-бугарски обележја
– Надомест на МАТЕРИЈЛНА и МОРАЛНА штета и суспеннзија на одговорните лица од работно место.
– Од страна на МРТ веднаш да се откаже настапот и да престанат понижувањата на Македонскиот Народ!
– Замрзнување на учество на македонски претставник до расчистување на овие скандали и утврдување објективни мерила и критериуми за избор на песна и учесник.