Лошата исхрана и премногу време поминато во излежување пред ТВ екранот, со пиво или сокови и грицки, е сигурен начин за значително зголемување на ризикот од срцев удар. Меѓутоа, постојат некои, не толку очигледни фактори кои на годишно ниво доведуваат до 1,5 милиони срцеви удари и 500 илјади смртни случаи, како последица на нив.

Овие пет причини најверојатно не се познати како потенцијални „предизвикувачи“ на срцев удар.

  1. Кожа

Ефектите од псоријазата може да бидат многу поголеми од она што може да се види на кожата. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат вакви или слични проблеми со кожата, имаат три пати поголеми шанси за инфаркт, вели професорката по дерматологија Мона Гохара од медицинската школ при Универзитетот Јејл.

  1. Загаден воздух

Смогот е поврзан со развој на голем број болести, вклучувајќи ги и срцевите заболувања. Една студија дојде до заклучок дека кумулативната изложеност на смог може да го влоши нивото на шеќер во крвта, нивотот на холестерол, како и други ризични параметри кои доведуваат до ризик од срцеви заболувања.

Други истражување откри дека загадувањето може да влијае на намалување на „добриот“ ХДЛ холестерол во телото, пишува „Men’s Health“. Сепак, не треба да се грижат само одредена ризична група. Истражувањата, објавени во магазинот „Circulation Research“ покажаа дека оштетувања на крвните садови се јавуваат меѓу младите и здравите луѓе изложени на загадување на воздухот во затворен простор.

  1. Лекови против болки

Кога подолг период имате треска, нормалната реакција е да посегнете по антивоспалителни лекови, ибупрофен или непроксен. Студијата, објавена во „Journal of Infectious Diseases“, сепак, покажа дека луѓето што ги земаат овие лекови имале 3,4 пати поголем ризик од срцев удар за време на респираторните инфекции.

  1. Болка во рамото

Иако е веројатно дека нема директна корелација со проблеми со срцето, се чини дека постои врска помеѓу овие здравствени проблеми. Луѓето со зголемен ризик од срцеви заболувања имаат повеќе шанси да чувствуваат болка во рамениците, според една студија објавена во „Journal of Occupational and Environmental Medicine“.

  1. Опкруженост со бучава

Секојдневните гласни звуци (сирени на возила, какафонија на градежни работи, итн) не само што му штети на слухот, туку и на срцето, според една студија објавена во списанието на Американскиот колеџ за кардиологија. По темелна анализа на претходните студии, истражувачите дојдоа до заклучок дека луѓето изложени на честа бучава имале повисок степен на здравствени проблеми со срцето, неправилен ритам на срцето, висок крвен притисок, висок холестерол, како и висок шеќер.