Од Минситерството за здравство информираат дека во последното деноноќие починале 5 пациенти, од кои 4 заболени од коронавирус на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје и едно починато лице дома, во Куманово, а кое било потврдено на вирусот и е на возраст од 53 години. Останатите починати се  пациент од Куманово (52г), пациентка од Лабуништа-Струга (65г), пациентка од Челопек – Тетово (62г) и една пациентка од Штип (81г).

Во изминатите 24 часа, регистрирани се 29 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје – 15, Куманово -7, Прилеп – 1, Струга 3 и Кочани – 3.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 599 лица. Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во: Скопје – 254 лица, Куманово – 128, Дебар – 49, Штип-20, Прилеп –34, Тетово – 29, Струга – 28, Велес – 10, Битола –6, Охрид –3, Кавадарци – 2, Гостивар – 4, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка- 3, Радовиш -4, Крушево – 2 и Кочани – 17 лица.

Во соопштението се вели дека во изминатото деноноќие направени се 386 теста.

Н.Д.