Бритиш ервејс, компанија, лого Фото: Танјуг - АП

Авион на „Бритиш ервејс“, кој летал од Лондон кон Атина, морал да слета во Цирих веднаш откако првиот офицер се онесвестил во пилотската кабина, пренесува „Индипендент“.

Копилотот на „Ербас А320“ му се пожалил на својот колега дека се чувствува лошо на половина пат од тричасовниот лет за Атина. Целиот инцидент се случил над Загреб, а капетанот првично решил да се врати во Лондон. Меѓутоа, откако неговиот колега одеднаш се онесвестил, тој бил принуден итно да слета во Цирих.

По шестчасовно чекање во Цирих, авионот пристигна во Атина девет часа по полетувањето од лондонски „Хитроу“.

– Безбедноста на нашите патници и екипаж е врвен приоритет. За тоа време се грижевме за патниците – вели портпаролот на авиокомпанијата, кој посочува дека „инцидентот не е поврзан со испарувања во пилотската кабина, што претходно беше поврзувано со здравствената состојба на пилотите“.

– Првиот офицер едноставно се чувствуваше лошо – заклучи портпаролот. А.Н.