Писателката од Србија Радмила Петровиќ во јули престојува на книжевна резиденција во Скопје. Резиденцијата се реализира во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“, кој е поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и на европската мрежа за превод и книги „Традуки“.

Радмила Петровиќ е родена 1996 година во Ужице. Завршила Економски факултет во Белград. Како лауреат на 42-те Лимски вечери на поезијата ја објавила збирката песни „Мирисот на земјата“, а како победник на 22-от Поетски конкурс „Десанка Максимовиќ“ збирката „Целулозен рокенрол“. Нејзината трета збирка поезија „Мојата мајка знае што се случува во градовите“ ја објавува во 2020 година.

Застапена е во зборници и онлајн списанија. Учествувала на бројни читања на поезија, како и на неколку работилници за креативно пишување.
Песните ѝ се преведени на англиски, германски, француски, грчки, македонски, хебрејски и други јазици.

Проектот „Читајќи го Балканот“ се реализира со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и на европската мрежа за превод и книги „Традуки“.