По објавената информација дека мајките на кои им го прекинаа договорот од работа додека беа на породилно, а добија решение за продолжено породилно и им се прекина исплатата на породилно дека неможат да бидат опфатени со мерките за продолжено породилно реагираат со отворено писмо до Владата и минситерството за труд и социјална политика.

Во писмото потпишано од 20тина мајки на кои газдите не им ги продолжиле догoворите за работа и кои останаа без редовни примања, се вели:

„НИЕ повторно реагираме дека не смееме да бидеме занемарени и незаштитени. БАРАМЕ и на нас да ни се продолжи исплата на надоместокот за породилно, бидејќи не може да се одгледуваат деца со тој надоместок од 5000-6000 ден. Зошто не можете да не плаќате и нас, зар сме ние помалку вредни од сите други. И нашите деца имаат право да растат здраво и безбедно како и сите други деца. Неможеме да се вработиме никаде, кој ќе ги чува децата,  градинките не ги отварате и не оставате на милост и немилост без примања како знаеме да преживуваме. Затоа, БАРАМЕ ДА НИ СЕ ПРОДОЛЖИ ИСПЛАТАТА НА ПОРОДИЛНО,,

Писмото од мајките следи откако вчера од МТСП информираа дека мајките на кои престанал да им важи договорот за вработување, по истекот на платено породилно отсуство, немаат обврска да се вратат на работното место и нема основ нивното породилно отсуство да им биде продолжено. Тие остануваат дома и продолжуваат да се грижат за сопственото здравје и здравјето и безбедноста на детето. Правото на отсуство за време на бременост, раѓање и родителство е право од работен однос, а оваа категорија на работнички веќе не е во работен однос.

Н.Д.