Високите температури над 35от степен денеска ги натераа Грците да ја искористат одлуката на Владата и да појдат на плажа. Грчките медиуми пишуваат дека

Според Националната опсерваторија во Атина, неверојатни 40,7 степени биле измерени во Спарта и на Пелопонез, и во централна и јужна Грција, како и на островот Крит, температурата надминува 39 степени.

Ова беше доволна причина плажите да бидат преполни, а колку и како тие изгедаат може да се види од фотографиите кои ги споделуваат грчките медиуми. Имено, на плажата на грчкото езеро Вулагмени, како и плажите на Кавури и Глифада во Атина од денес утрово беше полна со млади и семејства со деца. Но, според сликите нема социјална дистанца, а не може да се види ниту заштитна маска на лицата на туристите.

Сликите како да ги потврдуваат и неофицијалните информации дека од 15 јуни ќе можеме слободно и без тестови да одиме на одмор во Грција.

Н.Д.