Досега, повеќе од 7,5 милиони луѓе во светот се опоравиле од заразата со новиот вид коронавирус.

Според веб-страницата „Worldometer“, која покажува податоци за бројот на заразени, мртви и оздравени, се наведува дека 7.7500.755 луѓе се опоравиле од КОВИД-19 во светот, пренесе Анадолија.

Најмногу оздравени има во САД, каде закрепнале 1.490.702 лица. Потоа следуваат Бразил (1.213.512), Индија (537.585), Русија (501.061), Чиле (281,114), Иран (219.993), Перу (214.152), Италија (194.579), Турција (193.217) и Германија (184.500).

Новиот вид коронавирус се појави во декември 2019 година во кинескиот град Вухан, а набрзо беше прогласена и пандемија. Бројот на заразени лица во светот надмина 12,8 милиони, а над 568.000 луѓе починаа како резултат на заразата со коронавирус. А.Р.