Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на цените на горивата од полноќ со која поскапуваат бензините за половина денар, а дизелот останува со истата цена.

Така, од ноќеска на полноќ за литар Еуросупер БС-95 ќе се плаќа 82,50 денар, Еуросупер БС-98 ќе се точи по цена од 84,50, а останува цената на Еуродизелот од 73,50 денари по литар.