Утрово граѓаните на Хрватска и БиХ беа сведоци на нов земјотрес. Според прелиминарните податоци на ЕМСЦ, земјотрес со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала го потресе подрачјето на Петриња, Сисак, Покупско, а се почувствувал и во Босна и Херцеговина.

Епицентарот бил во близина на Покупско, 34 километри од Загреб и 23 километри од Велика Горица. Бил на длабочина од 15 километри, а се случил во 7:11 часот.

„Го почувствував. Токму за будење“, напиша граѓанин на Нови Град.

Според сведоштвата, земјотресот бил почувствуван и во Приедор.

„Тресеше за добро утро!“, навел жител на Предор.

Според ЕМСЦ, од синоќа во 21 часот,во  Хрватска имало над 10 земјотреси, најсилниот бил околу еден часот со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала, другите биле послаби од 2.

Во периодот од 3 јануари до 4 јануари во 17 часа сеизмолозите на Сеизмолошката служба забележаа 90 земјотреси во областа, од кои 59 земјотреси на 3 јануари и 31 земјотрес на 4 јануари до 17:00 часот. А.Н.