Авиокомпаниите почнуваат да кројат планови за летната сезина и да ги обновуваат линиите кои што беа запрени поради корона пандемијата. Како што се дознава се обновуваат повеќе линии на на Визер, како и летот Скопје – Варшава за полската компаниај ЛОТ, која што најмногу се користеше за лето до САД.

На распоредот на летови ќе се најдат и чартер летови од Скопје до Анталија во Турција за периодот од мај до октомври од пет авиокомпании,бидејќи сега за сега Турција е една од ретките држави кои не бараат посебни тестови за влез.

Најавени се  41 редовна дестинација, а покрај редовните авиолинии, пет различни авиокомпании најавија чартер летови од Скопје до Анталија во Турција, почнувајќи од мај до октомври. Тоа се Туркиш ерлајнс, Пегасус ерлајнс, Корендон ерлајнс, Сан експрес и Фрибрд ерлајнс.

Линиите Скопје-Дубаи, со Флај Дубаи и Скопје-Доха, со Катар ервејс, нема да бидат обновени со почетокот на летниот распоред на летови годинава.

Во редот на летање за наредните шест месеци што го усвои АЦВ се авиокомпаниите: Аустријан Ерлајнс (Виена-Скопје) Ер Србија (Скопје-Белград и обратно), Кроација ерлајнс (Загреб-Скопје и обратно), Туркиш ерлајнс (Истанбул), Лот полиш (Варшава-Скопје и Варшава –Охрид, како и Катовица-Охрид) Еделвајс (Истанбул, Будимпешта и Сандефјрод до Скопје и обратно, Цирих-Охрид), Виз ер (Гетеборг, Малме, Копенхаген, Ајнховен, Брисел, Париз, Дортмунд, Келн, Фридрихшкафен, Меминген, Франкфурт, Базел, Нурејмберг, Барселона, Берлин, Милано, Хамбург, Венеција, Хановер, Бремен, Братислава, Рим, Ваксјо, Баден-Баден, Малта, Ларнака и Турку до Скопје и обратно, како и Базел, Виена, Миминген, Дортмунд, Малме и Лондон до Охрид и обратно) Пегасус (Истанбул-Скопје), Чер Ерлајнс, (Цирих Скопје и Цирих –Охрид),  Ејџиан ерлајнс (Атина Скопје- и обратно), Виндросе ерлајнс (Киев-Скопје и обратно).

А.Н.