Западната американска држава Калифорнија се соочува со три големи шумски пожари кои зафатија цели градови каде бројот на жртвите се зголеми на 31 лице.

Шерифот од регионот Бут, Кори Хонеа, рече дека помсртните остатнки од шест лица биле пронајдени во изгорениот град Перадајс, со што бројот на жртвите во тој град порасна на 29. Хонеа рекол дека најмалку 228 лица се водат како исчезнати во тој град, кој се најде на патот на пожарот што се протега 450 километри низ тој регион.

Повеќе од 7.000 објекти целосно изгореле во пожарот кој е најсмртоносен во историјата на Калифорнија. Во исто време, два пожари продолжуваат да беснеат во јужниот дел на Калифорнија во познатиот луксузен град Малибу. Градот буквално е опкружен од огнената стихија и е наредена евакуација на 300.000 жители од загрозениот регион.

Тамошниот шериф Џон Бенедист рекол дека посмртни останки од две изгорени лица биле пронајдени кај Мулхоланд.

За размерите на пожарите што беснеат на северот и југот од Калифорнија најдобро сведочи фотографијата објавена од американската агенција НАСА, фотографија направена од вселената на која се гледаат големи облаци од чад над Калифорнија.