четврток, април 25, 2024
домаКујнаПожари во југоисточна Австралија, стотици луѓе се евакуирани

Пожари во југоисточна Австралија, стотици луѓе се евакуирани

На југоисток од Австралија, беснеат пожари, ширејќи се поради сувите и жешки ветрови. Десетина куќи се уништени, илјадници луѓе се оставени без електрична енергија, а некои патишта се затворени. Ветерот се очекува да ослабне вечерва.

Пожарите, за кои се верува дека биле предизвикани од грмотевици, најпрво ја зафатиле тревата и вегетацијата, а потоа брзо излегле од контролите низ руралниот југозападен дел на австралиската држава Викторија, објави Ројтерс.

Иистиот извор наведува дека засега нема податоци за тоа дали има мртви или исчезнати лица.

„Дожд не паднал 30 или 40 дена, па знаевме дека земјата е сува. Во Викторија бевме подготвени за ова што го донесе сувото, топло и ветровито време“, изјави за комесарот на службата за урпавување со вонредни ситуации Крег Лепсли.

Со огнената стихија се борат со околу 280 пожарникари, додека 22.000 домаќинства останаа без струја, откако силните ветришта соборија дрвја, навел Лепсли. Повеќе од 10 куќи биле уништени, а на некои жители им било наредено да останат во домовите бидејќи може да ги зафати пламенот на отворено. Некои патишта се затворени, а по некои е опасно да се вози поради густиот чад. Метеоролозите предвидуваат дека ветровите ќе ослабнат вечерва.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ