Пожарот во близина на нуклеарната централа во Чернобил се рашири на околу 35 хектари, соопшти денеска украинското Министерство за вонредни ситуации.

Во гаснење на пожарот се вклучени два хеликоптери Ми-8 и еден авион Ан-32П, а веќе се фрлени 72 тони вода врз огнената стихија, пренесува ТАСС.

Агенцијата вели дека нивото на зрачење во Киев и регионот е во нормални граници.

Претходно, полицијата соопшти дека е уапсен човекот одговорен за пожарот, 27-годишник кој палел ѓубре и сува трева. А.Р.