Контурите на новата Влада се познати. Од 20 министерства само со пет ќе раководат жени. Новиот состав на Владата чиј премиер ќе биде Зоран Заев ќе има 12 министри од СДСМ, еден од БЕСА и еден од ЛДП, како и 6 министри од ДУИ. Претседател на Владата е Зоран Заев, а негови соработници од СДСМ се:

Љупчо Николовски – вицепремиер

Фатмир Битиќи – вицепремиер за економија

Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања

Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи

Радмила Шекеринска – министерка за одбрана

Венко Филипче – министер за здравство

Мила Царовска – министерка за образование и наука

Бојан Маричиќ – министер за правда

Благој Бочварски – министер за транспорт и врски

Јахода Шахпаска – министерка за труд и социјална политика

Ирена Стефоска – министерка за култура

Предизборниот коалиционен партнер на СДСМ, партијата БЕСА, го добива ресорот земјоделство, каде влегува Аријанит Хоџа, а Горан Милевски од ЛДП останува министер за локална самоуправа.

ДУИ ги предложи: Артан Груби – прв вицепремиер и министер за политички систем

Фатмир Бесими – министер за финансии

Бујар Османи – министер за надворешни работи

Крешник Бектеши – министер за економија

Насер Нуредини – министер за животна средина

Оттаму  се уште немаат предлог министер за информатичко општество и администрација. Според првичните информации на тоа место требаше да биде Ширет Елези, досегашната заменик министерка за финансии, но извори тврдат дека за неа не се изјаснил позитивно Централен совет на ДУИ.

Н.Д.