Познат е финалниот лајнап за четиридневниот фестивал „Скопје колинг 2018“. Како што веќе најави „Авалон продукција“, фестивалот го отвораат Аксвел и Ингросо на 21 јуни, на 22 јуни доаѓаат „Морчиба“, а за Вас како специјално изненадување, ја потврдивме и денес тоа и ви го најавуваме- големата француска атракција „Нувел ваг“, која ќе настапи заедно со „Морчиба“, истата вечер.

На 23 јуни вечерта е резервирана за љубителите на рок музиката, зашто за прв пат во регионот доаѓа еден од најголемите британски бендови на сите времиња- „Тексас“, а за прв пат на голем оpen air концерт во Скопје ќе можете да го видите и Дарко Рундек со неговиот бенд.

-Фестивалот го затвораме со последната голема ѕвезда на електронската музика, Алан Вокер, кој што од логистички причини својот настап наместо на 2 јуни, ќе го има на 24-ти јуни, како големо затворање на овој четиридневен фестивалски спектакл. Евидентно е дека ова е најголем музички настан од независноста на Македонија, затоа што никогаш во Скопје досега на едно место во четири дена немало толку многу квалитетни светски музички артисти, што го прави SKOPJE CALLING уникатен фестивал ова лето во Македонија! – велат организаторите.

Сите оние што имаат купено влезници за Алан Вокер за 02 јуни, истите ќе им важат и за новиот датум- 24 јуни.  Локациите за настапите на Систер Блис и Роџер Санчез ќе бидат објавени следната недела.

Цените на влезниците за настаните се следни:

Аксвел и Ингросо: ПАРТЕР 2- 1000 денари, ПАРТЕР 1- 1500 денари, ФАН ПИТ- 2000 денари

„Морчиба“ и „Нувел ваг“: ПАРТЕР- 1000 денари, ФАН ПИТ- 1500 денари

„Тексас“ и Дарко Рундек: ПАРТЕР- 1000 денари, ФАН ПИТ- 1500 денари

Алан Вокер: ПАРТЕР- 1000 денари, ФАН ПИТ- 1500 денари

Исто така, од понеделник, 28 мај, ќе има во продажба и блок карти за сите четири фестивалски денови, по цени од 2000 денари – ПАРТЕР и 3000 денари – ФАН ПИТ.