Преполни базени, бучни плажи, полни автобуси, па дури и шведски маси во хотелите може да станат минатото, бидејќи европскиот туризам се обидува да создаде нови рамки за одмор, барем ова лето додека сегашната пандемија е на сила.

Грчкиот министер за туризам, Харис Теохарис, во разговор за „Гардијан“, објаснува дека се потребни нови правила за да се избегне ширењето на вирусот корона за време на патувањето.
– Ако размислиме да патуваме годинава, тоа ќе се регулира со нови, посебни правила. Овие правила треба да ги примениме во хотелите, на плажите, базените, па дури и во рестораните и салите за појадок, шведските маси ќе станат минато “, рече Теохарис.

Грчкиот министер и неговите колеги од ЕУ денес разговараа за новата рамка на регулативи што треба да се применат за рестартирање на туризмот

Во рамките на ова, тие  разговараа и за т.н. „Здравствени пасоши“, односно сертификати за имунитет што туристите би требало да ги имаат пред да влезат во Грција, како и други мерки на проверки на туристите кои пристигнуваат во земјата.

– Настојуваме заеднички да изнајдеме низа правила што ќе важат низ цела Европа за луѓето да можат безбедно да се движат со автомобил, авион или брод. Овие се привремени правила што ќе имаат смисла од економски аспект. Ако, на пример, можете да имате само 10 лица во авион затоа што се смета за безбеден, тогаш очигледно летот дури и нема да се реализира – предупреди тој.

 

Светската здравствена организација, пак, е против воведување на идејата за пасоши за лицата со имунитет.

– Откако ќе се олеснат мерките, ќе биде потребно еден месец да се подготви теренот за континуиран туризам. Агенциите чекаат да воспоставиме правила што ќе овозможат посетителите да почнат до доаѓаат. Мораме да постигнеме правилен баланс и да се осигураме дека имаме најдобар можен резултат – заклучи грчкиот министер за туризам.

Н.Д.