Турскиот суд ослободи девет активисти обвинети за терористички обвиненија за нивната наводна вмешаност во протестите во Истанбулскиот парк Гези, јавува дописникот на ТЕХТ.МК. Оваа пресуда, како шти се вели во дописот, дава нова надеж на турското граѓанско општество во земја во која многумина стравуваат дека владеењето на правото еродира во континуитет.

Со неверување, силен аплауз и солзи во очите ја ислушаа одлуката што беше објавена во судот во близина на кампусот Силиври, на периферијата на Истанбул.

Деновиве се очекува и пресуда за вина за бизнисменот и филантропот Осман Кавала, кој е во притвор повеќе од две години, заедно со двајца други обвинети кои се соочуваат со доживотен затвор за нивната улога во протестите во 2013 година. 16-те лица на судењето на граѓанското општество – меѓу нив архитекти, новинари, правници и актери – беа соочени со вкупно 47.520 години затвор поради обвиненија дека се обидоа да го соборат тогашниот премиер, а сега претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган, со организирање на демонстрации.

Случајот со седум други обвинети, кои се во странство и им се суди во отсуство, беше одвоен, но потерниците за нив беа укинати. Еден адвокат рече дека деновиве  се очекува и тие да бидат ослободени.

Случајот со висок профил предизвика сериозни критики од западните сојузници на Турција и групите за човекови права, вклучително и Европскиот суд за човекови права, кој во декември повика на итно ослободување на Кавала.

Демонстрациите во Гези во 2013 година се одржаа во врска со иднината на паркот Гези, редок зелен простор во центарот на Истанбул, во непосредна близина на Таксим, а кој беше наменет за изградба во трговски центар. Незадоволството набргу цветаше на протестите на национално ниво против Ердоган, кои беа загушени со полициска акција во која загинаа 22 лица, а околу 5.000 беа уапсени.

Последица од протестите за Гези паркот ги отворија политичките тензии меѓу десната и левата страна на Турција и ја отвори пандорината кутија на владеењето на Ердоган.

Пресуда за случаите на 11 бранители на човековите права, кои беа уапсени во 2017 година под обвинение за тероризам, вклучително и раководството и неколку членови на гранката Амнести Интернешнл, се очекува во среда. Обвинетите може да се соочат со затвор до 15 години, доколку бидат прогласени за виновни.

И додека денеска едни беа ослободени, други беа затворени. Имено, Турција издаде 695 налози за апсење на нови осомничени ширум земјата во врска со мрежата на прогонетиот свештеник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува за организирање на неуспешниот пуч во 2016 година.

Ѓултен Демир