Фото:Shutterstock

Покрај симптомите како што се отежнато дишење, замор и летаргија, болка во градите и палпитации, опаѓање на косата често се јавува како резултат на анемија. Железото е основна состојка на ензимот рибонуклеотид редуктаза, кој помага во растот на клетките. Според некои истражувања, клетките на фоликулите на косата можат да бидат особено чувствителни кога паѓа нивото на железо и во таква состојба тие не можат да функционираат и да се размножуваат правилно.

Губење на косата, за среќа, не е трајно и неповратно
Губење на косата како резултат на недостаток на железо се манифестира како истенчување во средната и предната линија на скалпот, како и на залисците. Исто така, се забележува дифузно истенчување на целата коса и намалување на обемот. Добрата вест е дека опаѓањето на косата предизвикано од недостаток на железо не е неповратно, бидејќи фоликулот не е трајно оштетен. Ова значи дека со соодветна терапија, можеме повторно да го стимулираме растот на косата и да овозможиме регенерација. Третманот со PRP е идеален за да се подобри функцијата на фоликулите и да им се обезбедат идеални услови за работа.

Поагресивните третмани го стимулираат растот на косата
Меѓутоа, ако анемијата е хронична, а со тоа и опаѓањето на косата е постојано, тогаш оштетувањето на фоликулите е поголемо, затоа е потребен поагресивен третман со мезонити, кој има одличен ефект врз коренот и го стимулира растот на косата. Покрај третманот, потребно е да се поправи исхраната и внесот на железо преку додатоци, како и да се третираат дигестивните проблеми како можна причина за слаба ресорпција на железо.    Ал.Н.