Три натпревари од петтото коло на Еврокупот се одложени поради корона вирусот, објавено е на веб-страницата на натпреварувањето.

Како што се наведува, одложени се натпреварите Нантер – Бурсаспор, по барање на францускиот тим затоа што не е во можност да обезбеди минимум осум играчи, како и дуелите Цедевита Олимпија – Патрас и Гран Канарија – Трент, бидејќи грчките и италијанските екипи немаат доволно играчи.

Според посебните правила на Евролигата во врска со корона вирусот, секој натпревар може да се одложи до три пати, доколку има достапни термини за игра. А.Р.