ФОТО: EPA/ EFE LUDOVIC MARIN POOL

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов и лидер на партијата ГЕРБ кој вчера беше приведен за време на голема полициска рација заедно со уште неколку фунционери на поранешната владејачка партија, останува во притвор по истрагата на ЕУ.  Властите не дадоа детали за какви било обвиненија против нив, но локалните медиуми објавија дека случаите ја истражуваат злоупотребата на фондовите на ЕУ.

Премиерот Кирил Петков изјави дека истрагите на Европското јавно обвинителство се во тек и дека ќе се види реакцијата на бугарското обвинителство.

„Ќе видиме каде е бугарското обвинителство и дали конечно ќе застане на страната на бугарскиот народ. Овие настани покажуваат дека никој во Бугарија не е над законот“, рече Петков.

Актуелниот министер за финансии Асен Василев денеска изјави дека финансиските инспектори прибрале докази врз основа на извештајот дека наводно 556 милиони лева (280 милиони евра) не влегле во државниот буџет под надзор на Борисов и неговиот министер за финансии.

Борисов е еден од основачите, сега опозиција, на централно-десничарската партија ГЕРБ, чии пратеници ја напуштија седницата и им се придружија на демонстрантите пред бугарскиот парламент, барајќи негово ослободување.

Апсењата уследија по најавата на главниот европски обвинител Лаура Ковеси дека се отворени 120 истраги за проневера на пари на ЕУ во Бугарија од јавни тендери, земјоделски субвенции и фондови за закрепнување на корона вирусот.