Според неделниот извештај на ИЈЗ за периодот од 2 до 8 ноември пријавени се 127 смртни случаи од 22 града, зголемување од 41,1% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 94 лица биле над 60 години, 19 лица на возраст од 50-59 години, 9 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години, четири случаи во возрасната група од 30-39 години и еден случај  на возраст 20-29 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 120 или 94%.

Регистрирано е зголемување од 25.5% на бројот на ковид пациенти во однос на минатата недела. Регистрирани се 7.280 нови позитивни случаи, а најзастапена е возрасната група на лица над 60 годишна возраст, 21,2% . Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 год или 19,9%, 40-49 (19,3%), 50-59 (19,2%) и 20-29 (15,0%). Во континуитет најмалку заразени се деца: од 0-9 (1,6%) и 10-19 години (3,5%). Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 3.758 (51,6%) лица од машки и 3.522 (48,4%) од женски пол.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје – 3.256 односно 44,7%.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 3.114 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Заклучно со 08.11.2020, пријавени се вкупно 40.275 случаи на COVID-19 (I=1.946,4/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Тетово, Куманово, Штип и Прилеп, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Прилеп, , Штип, Куманово, Дебар и Охрид. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи, највисок леталитет се регистрира во Струга (Табела 1).

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, Клинички болници Штип, Тетово и Битола, Општи болници Прилеп, Куманово, Охрид, Гостивар, Струга, Струмица, Велес, Кочани, Кавадарци, Кичево, Дебар, УК за гинекологија и акушерство, Клиника за неурологија, Кожна клиника и ТБЦ Институт, моментално се хоспитализирани 857 лицa, а од нив 285 се на кислородна поддршка и 18 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (68,7%), малаксаност (41,5%), кашлица (39,6%), главоболка (18,9%), болка во грло (15,7%), треска (13,0%), мускулна болка (13,0%), ослабен осет за мирис и/или вкус (11,6%) и отежнато дишење (9,9%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=30.195; 75%), кај 7.258 или 24% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=30.195; 75%), пријавени се 221 (0,7%) случај кај бремени жени, од кои 50 биле хоспитализирани во текот на болеста.  Од вкупниот број на регистрирани бремени жени, 76 се асимптоматски случаи.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=30.195; 75%), регистрирани се 1.540 (5%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=30.195; 75%), кај 8.324 (27,6%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 5.805 лица имаат кардиоваскуларна болест, 2.147 дијабет, 1.162 се со хронична белодробна болест и 1.592 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 2.609 (58,0%) се присутни коморбидитети.

Регистрирани се 1.156 смртни случаи (Лт = 2,9%).  Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 02.11.2020 година (n=25), а според недела на пријавување во тек на 45-тата недела (n=127) (Графикон 3). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=866) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 225,9/100.000 жители. Регистрирани се 728 смртни случаи кај лица од машки и 428 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 821 (71,0%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=618), дијабет (n=303) и белодробна болест (n=144). Регистрирани се три смртни случаи кај бремени жени и дванаесет смртни случаи кај здравствени работници. Седумдесет и три  (6,3%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 1077 (93,2%) починале за време на хоспитализација.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=30.195; 75%), 678 (2,2%) се импортирани, од нив 10 се детектирани на точка на влез. Вкупно 11.753 лица (38,9%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Од 15.02-08.11.2020 тестирани се вкупно 272.892 материјали (детектирани 40.275  позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 и во лабораториите во кои се спроведува брз антигенски тест (Табела 2). Со ова во Р. С. Македонија се направени 131.885 тестови на 1.000.000 жители.

Според исходот од заболувањето, 14.890 лица (37,0%) се активни случаи, 24.229 случаи (60,2%) се водат како оздравени (од нив 1.272 се здравствени работници и 189 бремени жени), испишани од болница, со 2 негативни теста по домашното лекување или по новиот алгоритам (Табела 4, Графикон 5). Од случаите кои се водат како оздравени, 2.875 (11,8%) биле хоспитализирани додека останатите 21.354/ (88,2%) биле на домашно лекување.

Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=40.275)

Дистрибуција по град Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 6808 10340 376 17524
Тетово 928 1732 123 2783
Куманово 679 1926 94 2699
Штип 417 1508 38 1963
Прилеп 765 974 79 1818
Гостивар 426 1008 69 1503
Струмица 642 541 38 1221
Велес 678 472 38 1188
Битола 518 502 34 1054
Охрид 390 532 36 958
Струга 179 684 77 940
Кочани 288 595 18 901
Кичево 299 442 20 761
Кавадарци 360 378 7 745
Свети Николе 122 424 7 553
Дебар 72 293 18 383
Гевгелија 158 219 6 383
Радовиш 121 176 12 309
Крива Паланка 96 184 13 293
Ресен 92 190 10 292
Пробиштип 96 163 4 263
Берово 75 177 4 256
Делчево 119 111 10 240
Виница 119 114 5 238
Неготино 157 77 3 237
Валандово 35 85 120
Македонски Брод 15 96 5 116
Демир Хисар 42 70 2 114
Кратово 62 34 1 97
Богданци 44 38 3 85
Македонска Каменица 46 35 1 82
Пехчево 4 58 1 63
Крушево 24 20 4 48
Дојран 7 17 24
Демир Капија 7 14 21
ВКУПНО 14890 24229 1156 40275

 

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок. Според категоризацијата на ризикот се проценува дека земјава е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата). А.Р.