Фото:ТЕХТ.МК

Две родилки, едната од Скопје, а другата од Делчево, починаа во болница во последното деноноќие како последица на ковид-19.

Двете биле второротки и биле во мошне тешка состојба. Едната имала 33, другата 32 години. Бебето на едната родилка е испуштено дома  и е во добра општа состојба, додека другото бебе е во критична состојба.

Повеќе информации се очекуваат од здравствените институции во текот на денот.