Aктерoт Луран Ахмети ја загуби битката со коронавирусот на 46 годишна возраст.  Актерот беше дел од многу театарски претстави, играни и кратки филмови, а последните години беше дел од најгледаните турски серии. Го глумеше Хусрев-паша  во хит-серијата „Величествениот“ , а играше и во популарните турски серии „Збогум Румелија“ и „Долина на волците“.

Ахмети беше дел и од актерската екипа на првиот македонски филм снимен на турски јазик со работен наслов „Најтешкото нешто“.

Со години е составен дел на Народниот театар во Скопје. Луран Ахмети е син на познатиот писател Џабир Ахмети.

Ал.Н.