Доајенот на македонската современа скулптура Драган Попоски-Дада почина на 88 години, во Скопје.

Попоски-Дада е роден во Прилеп, 1933 година, а Академија за ликовни уметности (1961) и постдипломски студии (1964) завршил во Белград. Работел како професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Од 1965 година реализирал повеќе самостојни изложби и учествувал на бројни групни претставувања во земјава и во странство. Автор е на повеќе монументални дела и е добитник на повеќе награди, меѓу кои во 1981 година највисоката републичка награда „11 Октомври”.

„Уметничкиот развоен пат на Драган Попоски – Дада е долг, со повеќе развојни творечки етапи. Неговите облиците имаат конкретни инспиративни извори во природата и нештата што го опкружуваат, предадени се во вид на лесна стилизација, преку помалку или повеќе асоцијативни форми кои ги селектираат деталите до степен на минимализирање на нивната асоцијацијативност“, посочуваат од Националната галерија на Македонија.

Неговата последна изложба беше во 2018 во Даут пашин амам.