Педест и тригодишниот Салко Букваревиќ, министер во федералната влада на Босна и Херцеговина за воени ветерани од 2015 година, почина утринава од последици на Ковид-19. Букваревиќ бил примен во болница во Сараево минатата недела со проблеми со дишењето и пневмонија, а починал на клиниката за заболувања на белите дробови „Подастранови“ во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, пренесува порталот „Кликс.ба“.  Тој неколку дена бил на респиратор, а ситуацијата нагло се влошила вчера вечер.

Поради Ковид-19, хоспитализиран е и премиерот Фадил Новалиќ.

А.Н.