Познатиот српски пејач Џеј Рамадановски почина денес на 57-годишна возраст од последици на срцев удар, соопштија српските медиуми. Во неодамнешно интервју, Џеј изјавил дека е во строг карантин поради неговите здравствени проблеми и дека коронавирусот би бил фатален за него.

-Ми недостасува да седам во градина и да гледам убави девојки. Не велам дека ми недостига некаква „акција“, но убавината е пријатна за око. Ми недостигаат емисии, одење на телевизија. Најмногу ми се допаѓаа моментите кога снимаме новогодишни специјали. Сите се шегуваме во студиото, пиеме малку, се смееме. Тоа беа убави времиња. Денес луѓето некако се отуѓија. Ја нема повеќе таа еуфорија пред празниците. Сите се повлековме, претпоставувам дека оваа криза придонесе за сето тоа “, рекол тој.

Роден е во повеќечленото семејство на чевларот Мазлам и работничката во градско зеленило, Барија Рамадановски како единствено машко дете. Семејството Рамадановски потекнува од македонската општина Ресен.

Раните години од својот живот ги поминал на улицата Скендербегова во Дорќол. По разводот на неговите родители, тој поминал извесно време во живот со неговата баба по мајка, а потоа, поради неговата склоност кон малолетничка деликвенција, тој времето до зрелоста го поминал во домовите за воспитување деца и млади.

За време на неговиот престој во дом, тој изучувал автолакерски занает и по завршувањето на воениот рок, се вработил во индустријата за земјоделски машини „Змај“, каде што не останал долго, и се вратил на животот на улица и ситниот криминал.

Во тоа време, тој бил аматерски музичар. Кога ја запознал Марина Туцаковиќ одлучил да го направи првиот сериозен чекор во музичката професија. Со песната „Да ти ги избришам солзите“, тој учествуваше на фестивалот МЕСАМ во 1987 година и го освои второто место. Во текот на 90-тите години, тој беше популарен низ цела поранешна Југославија, особено во Србија, Македонија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Додека беше на врвот на својата популарност, правеше и турнеи во странство (во Германија, Шведска, Канада, САД). А.Р.