На 94-годишна возраст почина првата победничка на натпреварот “Евровизија” во 1956 година. Швајцарската естраднa пејачка Лиз Асиа починала во болница во Цирих. Ова го соопшти весникот “Блиц”, повикувајќи се на информации на поранешниот секретар на пејачката Жан Ајхенбергер.

Победата на првиот Евровизиски натпревар со песнта “Рефрен“ остана најголем успех во нејзината кариера. Подоцна, таа често била поканувана на Евроисзиските натпревари како почесен гостин. Во 1950-тите, Асиа, исто така, се појавила и во неколку филмови.