Во ГОБ ,,8 Септември”, на 64 годишна возраст, почина д-р Арификмет Деари, уролог од Тетово. Министерот за здравство венко Филипче денеска објави дека д-р. Деари бил хоспитализиран заради невролошки проблеми, но бил и позитивен на ковид-19. По 15 дена болничко лекување ја загуби битката со болеста.

-Д-р Деари кој беше само на неколку месеци до пензионирањето, е првиот лекар кој почина од компликации на корона вирусот. Изразувам жалење и длабоко сочуство до неговото семејство – напиша министерот Филипче на Фејсбук.

Тој воедно апелира до сите здравствени работници да се чуваат и заштитуваат, на работното место соодветно на протоклите, но и надвор од него, а граѓаните да ги почитуваат мерките, да се заштитат себеси, здравствените работници и сите свои сограѓани. А.Р.