Во Гевгелија почина Спаска Митрова, жената која со години се бореше за старателството на својата ќерка. Митрова, која исто така има бугарско државјанство, долги години се бореше против поранешниот сопруг, како пред судовите во Северна Македонија, така и во Стразбур, а се со цел да го земе своето дете со себе.  Во 2009 година во јавноста случајот на Спаска Митрова беше топ тема, на која ѝ беше изречена казна затвор од 3 месеци за кривичното дело „одземање малолетник“ бидејќи не му дозволувала на поранешниот сопруг да ја посетува нивната ќерка. Митрова, која има и бугарско државјанство, велеше дека постапките против неа се предизвикани од национални и политички мотиви.

Своевремено за нејзиниот проблем коментираше и премиерот на Бугарија Бојко Борисов. А, на својот фејсбук профил министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева напиша:

„Со длабока тага ја примив информацијата за трагичната смрт на г-ѓа Спаска Митрова. Таа беше пример на бугарска мајка која, и покрај суровиот притисок, не се откажуваше од себеси и семејството. Дозволете ми, во име на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија и во свое име, да ви понудам наше најискрено и најдлабоко сочувство до семејството и роднините на г-ѓа Митрова. Знам дека ништо не може да компензира рано губење на човечкиот живот, но ве уверувам дека Бугарија ќе продолжи верно да ги брани правата на граѓаните со бугарски идентитет во Република Северна Македонија “.